Матиќ од Манчестер се сели во Торино, веќе почнати преговорите со Јуве!?

Немања Матиќ по се изгледа дека следната сезона ќе биде дел од тимот на Јувентус. Искусниот, 33 годишниот интернационалец од Србија го завршува долгогодишниот престој на „Олд Трафорд“, и го раскинува договорот со Јунајтед за да замине во друг клуб.

Јувентус е тимот кој е во интензивни преговори со Матиќ и кој му има ветено 12 милиони евра за потпис, плус, 100.000 евра неделна плата.

Матиќ се уште смета дека може да игра на највисоко ниво, и нема да замине во некоја егзотична фудбалска дестинација. Истото очигледно го мисли и Јувентус, па ќе го плата со сериозна сума. Матиќ мина на Олд Трафорд пет сезони откако пристигна од Челзи во 2017 година.

 

 

Се вчитува...