Матиќ открива: Работев како дрводелец бидејќи ниеден клуб во Србија не ме сакаше

Немања Матиќ на залезот на кариерата настапува во Серија А во дресот на Сасуоло, но овој голем фудбалски ас имаше трновит пат до успехот пред да почне да ги брани боите на Бенфика, Челси, Манчестер јунајтед.

Неговиот пат е специфичен бидејќи успешната кариера не беше лансирана преку Партизан, Црвена Звезда или некој трет српски клуб, туку преку словачки Кошице, бидејќи ниту еден тим во татковината не го препознал фудбалскиот потенцијал на Немања.

„Отидов во Кошице затоа што никој во Србија не ме сакаше. Сонував за Црвена Звезда, но тоа беше само сон, бидејќи играв во третата лига за месечна плата од 75 евра. За да имам за живот почнав и да работам со татко ми како дрводелец. Сонував да заиграм професионално фудбал, мислев дека се ќе остане само на сон, но ситуацијата се промени кога отидов на проба во Словачка и тренерот Јан Козак ми даде шанса“, ја открива својата животна приказна долгогодишниот српски репрезентативец.

Се вчитува...