Матиќ поради караница со Мурињо ја напушта Рома

„Пукна“ љубовта помеѓу Жозе Мурињо и Немања Матиќ. И покрај тоа што Португалецот го зема Србинот додека беше тренер и во Челси и во Манчестер Јунајтед, како и во Рома, сепак, жестока караница меѓу двајцата е причината поради која играчот од средниот ред ќе го напушти клубот и ќе замине во француски Рен.

Матиќ минатата сезона дојде како слободен играч во Рома по истекот на договорот со Јунајтед, и беше еден од главните играчи, играјќи преку 50 натпревари во сите натпреварувања.

Извори од Рим откриваат дека на еден тренинг дошло до жестока караница меѓу Мурињо и Матиќ, и тензиите биле присутни веќе некое време.

Несогласувањата ги иркосити Рен кој за околу три милиони евра го донесе искусниот играч од средината на теренот.

Се вчитува...