Немања Матиќ е многу близу повторно да соработува со Жосе Мурињо, овојпат во таборот на Манчестер јунајтед. Како што соопштуваат медиумите од островот, Србинот постигнал вербален договор околу личните услови со „црвените ѓаволи“, останува клубовите да се договорат за цената на играчот. Според шпекулациите Јунајтед е подготвен да издвои 30 милиони фунти, а 28-годишниот играч од средниот ред ќе биде новото засилување на „Олд трафорд“, по Швеѓанецот Виктор Линделоф од Бенфика.
Српскиот репрезентативец не сака да помине уште една сезона во Челси борејќи се за место во првите единаесет. Иако беше прв во изборот кај Конте покрај Нголо Канте во средината на теренот, често знаеше да ја грее клупата благодарение на добрите партии на Фабрегас. Сепак, најновиот трансфер на Бакајоко е уште една пирчина зошто Матиќ ќе го менува синиот дрес, со црвениот на Манчестер.
Мурињо се двоумеше помеѓу Матиќ и Ерик Даер од Тотенхем. Сепак меѓусебната соработка од Челси, како и значително пониската цена, го прави Србинот прв „пик“ португалскиот стратег.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА