Матиќ распали по Џака и Шакири: Ако толку ја сакате Албанија, зошто не играте за Албанија!?

Легендарниот српски фудбалер Немања Матиќ кој оваа сезона настапува во дресот на Сасуило во интервју за порталот „442“ говореше на повеќе теми.

Тој беше запрашан и за неговите „големи ривали“, Џердан Шакири и Гранит Џака, репрезентативците на Швајцарија кои кога настапуваат против Србија победите и головите ги прославуваат покажувајќи „двоглав орел“.

„Ги почитувам како фудбалери, играв против нив неколку пати во Премиерлигата. Но, со тие потези собираат ефтини политички бодови. Тие мислам дека пораснаа во Швајцарија? Со тие потези тие не покажуваат почит кон земјата за која играат. Ако толку ја сакате Албанија, зошто не играте за Албанија? Тоа е моето прашање.

Може да сакате повеќе држави, тоа не е проблем. Јас ја сакам Србија, тоа е мојата земја. Ја сакам и Англија, таму поминав многу време. Но, никогаш нема да кажам дека ја сакам повеќе Англија отколку Србија. Морате да бидете искрени.

Играв против Џака многу пати и никогаш не сум имал проблеми. Секогаш сме се ракувале, тој е добар играч, исто како и Шакири. Но, јас никогаш не би го направил тоа со цел да провоцирам. Јас секој го почитувам“, изјави Матиќ.

Се вчитува...