Матиќ се поблиску до трансфер во Барселона

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ, ќе добие дозвола да си замине доколку пристигне понуда од Барселона. Србинот во неколку наврати го изрази своето незадоволство од статусот во клубот, па се’ повеќе размислува за заминување од Манчестер.

Според медиумите во Англија, гигантот од Каталонија е заинтересиран за услугите на Немања.

Српскиот интернационалец не влегува во плановите на тренерот, Оле Гунар Солскјер а Каталонците по секоја цена сакаат да го ангажираат во текот на зимскиот трансфер период. 33-годишниот играч кој во 2017 година го напушти Челси и се пресели на „Олд Трафорд“, има договор до јуни во 2023 година. Неговата трансферна вредност се движи од 8-10 милиони евра.

Се вчитува...