Немања Матиќ уште не сака пензија – Потпиша за Сасуоло!

Искусниот српски фудбалер Немања Матиќ ја помина последната сезона во Лион, но по истекот на договорот нема да има продолжување на соработката.

Матиќ го мина летниот одмор во Србија каде што тренираше индивидуално и чекаше вистинска понуда бидејќи е решен дека сè уште не е време за пензионирање иако веќе има 37 години.

Па, Фабрицио Романо утрово се огласи на социјалните мрежи и откри дека Матиќ се враќа на Апенините по две години и дека приказната е завршена. 37-годишникот ќе ја продолжи кариерата во дресот на Сасуоло, со кој клуб се договорени сите детали, и се очекува наскоро да пристигне на лекарски прегледи и потпишување на договор.

Матиќ ќе потпише едногодишен договор со Сасуоло со можност за продолжување на соработката за уште една сезона доколку двете страни бидат задоволни следното лето.

Искусниот играч од средниот ред се враќа на Апенините по две сезони минати во Франција, каде што покрај Лион играше и за Рен. Во Италија, претходно играше за Рома, каде што исто така помина само една сезона.

По потпишувањето на договорот, Матиќ веднаш ќе се приклучи на Сасуоло, кој во првото коло, веќе утре игра дома против актуелниот шампион Наполи.

Се вчитува...