Матип е избран за играч на месецот во Премиер-лигата (ВИДЕО)

Дефанзивецот на Ливерпул, Џоел Матип е прогласен за најдобар играч во Премиер-лигата за месец февруари. Стоперот на „црвените“ ја играше секоја минута и имаше големо влијание за одличните резултати на Ливерпул, тим кој во овој период оствари четири победи на исто толку натпревари и му се доближи на Манчестер Сити во шампионската трка.

На три натпревари во низа мируваше мрежата на Ливерпул. Матип беше одличен и на другата страна од теренот. Тој му асистираше на Жота за голот против Лестер, а самиот тој беше стрелец во победата над Лидс од 6-0.

Матип е првиот Камерунец во историјата кој добил престижно признание. Покрај Матип, во конкуренција за најдобри во февруари беа и Че Адамс, Рајан Фрејзер, Хари Кејн, Бен Ми и Вилфрид Заха.

 

 

 

 

 

Се вчитува...