Матјаж Кек: Искрено, не верував дека ќе ја минеме групата, но овие момци се херои

Словенечкиот селектор Матјаж Кек, сосема очекувано, не го криеше задоволството од пласманот во осминафиналето на ЕВРО 2024 во исклучително тешка група за нив на шампионатот, во која беа заедно со Англија, Данска и Србија.

Кек по синоќешното реми со Англија искрено призна дека не очекувал неговите избраници да ја минат групата.

„Да бидам искрен, навистина не очекував да поминеме. Но, со играта покажавме дека заслужуваме да бидеме во осминафинале. Се чувствував гордо за време на играта против еден од фаворитите на турнирот, Англија. Се чувствувам гордо и поради сите овие фудбалери кои навистина се херои. Исклучително сум горд на овој тим. Ја видовте енергијата што сите играчи ја добиваа од сите наши навивачи во првиот натпревар и повторно денес“ – изјави Кек по мечот, притоа дополнувајќи:

„Но, немаме време за радување. Се враќаме на тренинзите и подготовките за следниот натпревар. Имавме тешка група, но имаме врвен тим кој може уште нешто позитивно да покаже на турнирот“.

Се вчитува...