Тинекс Пролет под водство на новиот тренер, Никола Матлиески, славеше сигурна победа против Радовиш (23-17), во натпреварот од 7.коло во машката Супер лига. Матлиески дојде на местото на Илија Темелковски по неговата изненадна преселба на клупата на Работник. Ова е четврта победа во серија на скопскиот суперлигаш за која најзаслужен беше голманот Стефан Кимевски кој запиша 14 одбрани од кои три одбранети седмереци.
Победа во ова коло славеше и екипата на Охрид која минатата недела остана без Марко Кежиќ. Охриѓани и со преполовен тим се вратија со полн плен од гостувањето против Борец во Велес (26-20). Блажевски со седум и Младеновски со пет гола беа најефикасни во гостинскиот тим, а одново сигурен на голот на Охрид беше Благојче Трајковски со 17 одбрани.
Еурофарм Работник многу потешко од очекувањата славеше победа во Прилеп, во натпреварот со најмалку голови во ова коло (19-14).
Победничката серија ја продолжи и Пелистер со петтиот триумф по ред. Битолчани беа убедливи против Вардар јуниор (34-23).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА