Тиквеш ќе влезе со нов тренер во ракометниот плејоф во вториот дел од оваа натпреварувачка сезона, откако раководството на овој клуб донесе одлука за разделба од Никола Матлиески.
Стружанецот пристигна во Тиквеш во вториот дел од ланската сезона кога клубот го напушти Данило Брестовац, тој помогна Тиквеш да обезбеди место во европските купови, а потоа и го предводеше тимот до првиот европски триумф. Сепак, и тоа се покажа недоволно, особено откако Тиквеш го освои само третото место во својата група од Супер-лигата, зад Алкалоид и Охрид.
Ова значи дека кавадарчани ќе пренесат само еден бод во плејофот, а незадоволството од ваквиот резултат е една од причините поради кои Тиквеш се реши за тренерска смена.
Во игра за нов тренер на Тиквеш се неколку македонски, а конечната одлука се очекува до крајот на оваа календарска година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА