Никола Матлиески е новиот тренер на Голден Арт КЛ7 откако денеска македонскиот стратег беше и официјално претставен од клубот. Искусниот стретег во КЛ7 доаѓа од редовите на Пролет со кој се раздели во средината на претходната сезона, а на клупата на младиот клуб ќе го замени Игор Котевски.
„Доаѓам во средина во која се негува работата со млади македонски ракометари, клуб кој инвестира во создавање на услови во кои нашите млади играчи ќе можат правилно да се развиваат и нуди можност истото тоа да го покажат на терен. По природа сум голем работник и максимално сум посветен на ракометот и затоа можам да ветам многу работа, тренинг, посветеност во следните години. Нашата цел не е само првиот тим, каде што клубот има голем играчки потенцијал, туку и создавање на респектабилна база на млади играчи и тренери во младите категории. Благодарност до раководството на Голден Арт КЛ7, кое има визија да работи за доброто на македонскиот ракомет, за довербата која со максимална посветеност во периодот кој следи ќе се трудам да ја оправдам“, вели Матлиески.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА