Најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија, Вардар на делба на првата позиција со Струга го дочекува 7. коло во Првата македонска фудбалска лига.
По убедливата победа над Арсими (1-4) и хет-трикот кој го постигна Рогерс Мато верува во себе и во своите соиграчи.
„Пред се сакам да се заблагодарам на стручниот штаб и на соиграчите, благодарение на нив сум во оваа форма. Играме добри мечеви, јас сум среќен за хет-трикот кој го постигнав и дојде исто благодарение на енергијата од моите соиграчи и нивната работа. Се надевам дека на секој следен меч ќе играме вака, како да ни е финале и насочени сме кон исполнување на нашиот сон, тоа е да го освоиме првенството. Затоа на секој дуел се поставуваме како да ни е најважен“, изјави Мато.
Во следното коло Вардар утре од 20 часот на „Тодор Проески“ го чека Работнички во градското дерби.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

