„Мато шоу“ за убедлив триумф на Вардар во Гостивар и делба на првото место (ВИДЕО)

Вардар стигна до петтиот триумф во сезоната, и сега е на делба на првото место на табелата заедно со Струга ТЛ, со ист скор, пет победи и едно реми. „Црвено-црните“ денеска триумфирално се враќаат од Гостивар, откако убедливо и со моќно издание го совладаа тимот на Арсими, на крај со убедливи 0-4. Вистински херој на Вардар беше Роџерс Мато, кој постигна три од четирите гола за „црвено-црните“, а еднаш стрелаше Матиќ, додека Омерагиќ и Кастањеда се истакнаа со по две асистенции.

Дуелот се одвиваше во „еден правец“ во првиот дел, односно на страната на Вардар кој на паузата замина со убедливи 0-3. Мато во 10. минута донесе предност, откако Дардишта лошо изби, а топката удри во Омерагиќ и стигна до предност.

На 2-0 зголеми Матиќ. Кастањеда одлично центрираше од левата страна, а Матиќ со глава го совлада Исљами. Следуваше и третиот гол на Мато, откако доби топка од Кастањеда, излезе сам пред Ислами и го совлада за 0-3 по првите 45. минути.

Само што почна вториот дел, Мато го комплетираше својот „хет-трик“. Долга топка од Талески до Омерагиќ, кој со глава го проигра Мато, а овој одкосо од лево шутираше прецизно го голот на Арсими.

Возбудувањата продолжија, но на половината на Вардар. Во 59. минута пенал за Арсими и црвен картон за Најдовски, кој го фаулираше противничкиот играч. Меѓутоа Шефити не го реализираше пеналот, односно шутираше многу лошо и покрај голот.

Сепак, во 72. минута Арсими успеа да го намали резултатот. Слободен удар на 20 метри, Рамадани го изведе, а топката од живиот ѕид се одби и го измами Талески, кој остана како да остана збунет, и не успеа да интервенира.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...