Мато за делириум на „Градски“: Вардар води на полувреме против Лозана (ВИДЕО)

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар има водство од 1-0 на домашен терен против Лозана во натрпевар од 2. коло од квалификациите во Конференциската лига на УЕФА.

„Црвено-црните“ подобро го отворија натпреварот и во два наврати имаа полушанси да го загрозат голот на противникот, но сепак не се случи ништо посериозно во шеснаесетникот на Лозана.

Во следниот период и двата тима играа внимателно па во последната третина од првиот дел се влезе со почетниот резултат 0-0.

Вардар најубавата шанса ја имаше во 41. минута кога прво Омерагиќ, па потоа и Мато биеја кон голот на Лозана но нивтните удари беа изблокирани од домашните фудбалери. Само минута подоцна Омерагиќ имаше нова шанса откако биеше со глава од непосредна близина но неговиот удар заврши покрај голот на Швајцарците.

Добрата игра вардарци конечно ја материјализираа во судиското продолжение кога Роџерс Мато во 47. минута донесе водство од 1-0.

Се вчитува...