Фудбалерите на актуелниот шампион на Италија, Наполи продолжуваат со лошите партии сезонава откако вечерва одиграа само реми без голови 0-0 против Монца во натпревар од 18. коло во Серија А.
Иако домаќините беа многу подобар противник не успеаја да искористат ниту една од големиот број шанси, a гостите исто така може да жалат што не стигнаа до полн плен бидејќи Песина промаши пенал во 68. минута.
До крајот на мечот тренерот на „наполитанците“ Валтер Мацари доби црвен картон.
Alex Meret (Napoli) penalty save against Monza 68′
byu/Meladroitdeposter insoccer
Walter Mazzarri (Napoli) straight red card against Monza 83′
byu/Meladroitdeposter insoccer
Фиорентина продолжува да биде хит во калчолигата откако вечерва славеше и против Торино на домашен терен со минимални 1-0. Голот вреден три бода за виолетовите го постигна Раниери во 83. минута.
Fiorentina 1-0 Torino – Luca Ranieri 83′
byu/Meladroitdeposter insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА