Мацари по срамниот пораз на Наполи со коментар и за заминувањето на Елмас: „Ако некој сака да замине…“

Наполи синоќа доживеа невиден срам со поразот од Фросиноне од 0-4 во Купот на Италија, по кој тренерот Валтер Мацари мораше да дава објаснување, извинувајќи се пред навивачите на клубот за очајната игра на неговиот тим.

„Сакам да им се извинам на фановите. Тие останаа со нас до крајот и не заслужија таков пораз. Не ми се допадна ова што се случи, ќе мора да зборуваме на следните тренинзи“ – изјави Мацари по синоќешниот дуел.

На новинарско прашање Мацари одговорил и околу најавите за заминувањето на Елиф Елмас кој е пред промоција со германски Лајпци.

„Ќе бидам реален. Ако некој сака да си замине од клубот по освоено Скудето, јас го охрабрувам да го направи тоа. Останатото е во рацете на клубот, и од таму ќе добиете објаснување за се што ќе се случува во иднина“ – изјави Мацари.

Но, и на Мацари му е повеќе од јасно дека, на некој начин, токму тренерите на Наполи изминатиов период се тие кои го ‘бркаат’ Елиф Елмас од Наполи со крајно потценувачкиот однос кон македонскиот репрезентативец и скромната минутажа која ја добива повеќе од една година, што на крај резултира со отворена желба за заминување од клубот.

На крај, и Наполи мораше да ја испочитува неговата желба, па Елмас за 25 милиони евра заминува од Наполи во Лајпциг.

Се вчитува...