Блес Матуиди стана прв фудбалер од шампионската генерација на Франција од СП 2018 што ја завршува кариерата откако екс-играчот на ПСЖ и на Јувентус објави дека се збогува од најважната споредна работа на светот.
Матуиди од 2020 година го носеше дресот на Интер Мајами во МЛС-лигата, но во последните месеци воопшто не беше дел од тимот, по што беше само прашање на време кога ќе му каже збогум на активното играње.
„Фудбале, толку те сакав, толку ми даде, но дојде времето да се каже доста е. Ги остварив соништата од детството, но соништата што ги имаат возрасните. Со кнедла во грлото, но и полн со гордост, денеска вртам нова страница во животот. Фала ти, фудбале“, напиша Матуиди на својот твитер-профил.
Зад името на Матуиди остануваат запишани 84 одиграни средби за француската репрезентација и девет погодоци, а круна на кариерата му беше светската титула на СП 2018 во Русија.
Во клупската кариера тој најдолго време мина во ПСЖ, каде настапуваше шест сезони, одигра речиси 300 натпревари и освои дури 17 трофеи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА