Манчестер Јунајтед триумфираше со 2-0 на првиот контролен натпревар летово, одигран против Лидс јунајтед на неутрален терен во Осло, Норвешка. Ерик тен Хаг очекувано се реши за комбиниран состав, но затоа своето деби во дресот на „црвените ѓаволи“ го имаше Мејсон Маунт, засилувањето од Челси кое се очекува да биде сериозен адут на Јунајтед во новата сезона.
Тој имаше одличен удар од триесетина метри што беше за малку непрецизен во првото полувреме, на одмор се замина без погодоци, по што Тен Хаг се реши за 11 замени во вториот дел.
Првиот погодок беше дело на 20-годишниот Емеран, додека конечните 2-0 го постави Џо Хагил.
20-year-old Noam Emeran opens the scoring for Man United in their friendly match against Leeds. #MUFCpic.twitter.com/z1yMyOMd4V
— 101 Great Goals (@101greatgoals) July 12, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

