Маунт од пенал го спаси Тухел од прв пораз на клупата на Челси (ВИДЕО)

Челси одигра само нерешено 1-1 на гостувањето кај Саутемптон во натпревар од 25. коло во англиската Премиер-лига. Водство за домаќините донесе Такуми Минамото во 33. минута, фудбалер кој се препороди откако стигна на позајмица во редовите на Саутемптон од Ливерпул.

Мејсон Маунт во 54. минута од пенал ги постави конечните 1-1 и спречи прв пораз на Томас Тухел на клупата на тимот од Лондон.

Челси во моментов е на 4. позиција на првенствената табела со 43 бода, додека Саутемптон останува 13. со 30 бода.

 

 

 

Се вчитува...