Фудбалерот на Челси, Мејсон Маунт ќе биде првото засилување за Манчестер јунајтед за новата сезона во Премиер-лигата и Лигата на шампионите.
Одличниот англиски фудбалер откако ја загуби минутажата во Челси, се реши да се раздели со клубот од Лондон и да премине во големиот ривал од Манчестер.
Маунт веќе ги договорил личните услови со клубот од „Олд трафорд“ па се очекува уште двата тима да се договорат околу обештетувањето за англискиот репрезентативец.
Маунт потекнува од младинската школа на Челси, а со клубот од Лондон успеа да ја освои Лигата на шампионите во 2021 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

