Маунт се збогуваше од Челси: Знам дека многумина нема да бидат среќни со мојата одлука

Трансферот на Мејсон Маунт од Челси во Манчестер Јунајтед е готова работа, откако играчот на англиската репрезентација се збогуваше од фановите на „сините“. Промоцијата во Јунајтед е закажана за утре.

Маунт им се заблагодари на фановите на Челси за поддршката, и кажа дека одлуката е најдобра за него и неговата кариера.

„Чувствувам дека заслужувате повеќе од едно напишано соопштение, затоа и ви се обраќам лично и директно сакам да ви се заблагодарам за поддршката која ми ја дававте во изминатите 18 години. Знам дека многумина од вас нема да бидат среќни за мојата одлука, но сметам дека е исправна за мене и за мојата кариера“, рече Маунт.

Се вчитува...