Маурицио Сари – банкарот од Тоскана што го освои фудбалскиот свет

Маурицио Сари дојде во Челси и донесе една од најинтересните фудбалски приказни. Успшената меѓународна кариера во која сега ужива ја градеше макотрпно и многу полека. Италијанецот е поранешен банкар кој тренерскиот занает го развиваше паралелно со дневната работа. Почна пред речиси 30 години во најниските категории на италијанскиот фудбал. На работата како трговец со странски валути се задржа се додека не достигна полупрофесионално ниво во фудбалот. Тогаш реши комплетно да се посвети на вистинската љубов.

Луѓето што го познаваат одамна раскажуваат дека бил одличен банкар и оти ако останел во тој бизнис ќе имал голема кариера. Сепак велат, тој го заслужува комплетно овој успех за кој работеше долго и напорно почнувајки од нула.

Сари е познат и по бројните суеверија и пушењето. Додека било одозволено постојано пушел седејки на клупата за време на натпреварите и постојано се облекувал во црно. Оваа навика ја променил пред извесно време. Во црно се облекувал како тренер на сите клубови. Тоа му била среќна боја.

Кога неговиот тим победувал постојано го повторувал истиот ритуал, си одел по истиот пат од стадионот, се облекувал буквално во истите алишта, дури и тргнувал со истата нога.

Маурицио Сари во Челси дојде од Наполи каде што работеше три сезони од 2015 до 2018 година.

 

 

 

Се вчитува...