Челси и следната сезона ќе го предводи италијански стратег, ама тоа нема да биде Антонио Конте. Досегашниот тренер на Наполи, Маурицио Сари, ќе биде нов менаџер на англискиот премиерлигаш. Тој вчера по седумчасовни преговори со рускиот тајкун Роман Абрамович се сложил да го преземе кормилото на Челси, и треба да потпише двегодишен договор со клубот од „Стемфорд бриџ“.
Абрамович ќе му се заблагодари на Антонио Конте, откако тимот изминатава сезона не успеа да избори пласман во Лигата на шампионите, завршувајќи како петтопласиран во Премиер – лигата. Сепак, Челси освои трофеј со триумфот во ФА Купот на Англија, а Конте ќе добие 9 милиони фунти отштета за предвремен раскин на договорот со клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА