Тренерот на италијанскиот прволигаш Лацио, Маурицио Сари помина низ успешна операција на срцето, објави неговиот клуб.
Станува збор за рутинска операција која успешно е завршена од страна на професорот Андреа Натали, меѓународен пионир со преку 30 години искуство во лекување на атријална фибрилација подложена на катетер аблација.
По рутинската интервенција очекувањата се дека 66-годишниот тренер ќе се врати на теренот и ќе го предводи Лацио во следниот натпревар против Наполи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

