Тренерот на Наполи, Маурицио Сари, ја доби наградата за најдобар стратег во Италија за 2016 година. Тој доби најмногу гласови во овој избор, пред Масимилијано Алегри од Јувентус и Еузебио ди Франческо, тренерот на Сасуоло.
„Не ја очекував оваа награда, но морам да бидам искрен и да кажам дека многу ми е драго што конечно во нешто сум пред Макс Алегри. Ни ги собра сите трофеи, а сега ова ми доаѓа како еден вид утеха“, се пошегува на своја сметка Маурицио Сари.
Наполи оваа сезона се бори со Рома за втората позиција во Серија А, која води директно во Лигата на шампионите. Јувентус и понатаму е неприкосновен на врвот на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА