ЕКИПА во Загреб, Стеван Цаневски
Доминик Мавра имаше извонреден настап против Цибона, предводејќи го тимот до голема победа.
„Оваа победа сигурно многу ни значи по серијата порази. Фрустрирачки беше да губиме натпревари во кои водевме по 20 поени, но денеска одигравме како што знаеме и конечно победивме, затоа сега радоста е толку голема. Битката за опстанок ќе продолжи, шансите ни се мали, но ние сигурно ќе продолжиме да се бориме до последно, се додека има надеж за такво нешто“ – истакна Мавра.
Тренерот Лукајиќ не го криеше задоволствотото по својата прва победа во АБА-лигата како тренер на МЗТ Скопје.
„Имавме натпревари во кои имавме контрола, но на крајот паѓавме. Она што радува е што сега го одржавме нивото на концентрација и желба да ја креваме формата. Покажавме карактер, увидовме каде грешиме и напредуваме, верувам дека ќе играме добра кошарка до крајот на сезоната, да покажеме дека заслужуваме да останеме во АБА-лигата. За мене е многу важно што ја спуштивме бројката на загубени топки, имавме само девет, а досега немавме под 18. Важно е бидејќи оваа победа ќе ни ја врати самодовербата и само потврдува дека сме на вистински пат, дека она што го работиме во овој период е правилно“ – изјави Лукајиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА