Големо изненадување вечерва во Купот на Африкански нации, откако елиминација доживеа селекцијата на Алжир, една од фаворитите дури и за освојување на трофејот.
Меѓутоа Алжирците денеска претрпеа прв пораз, и со само две ремија се последни во групата, од која понатаму одат Ангола и Буркина Фасо, додека Мавританија ќе чека разврска за третото место.
Мавританија стигна до победата благодарение на Делахи во 37. минута. Можеше оваа селекција да постигне уште еден гол, но немаше среќа. Инаку Мавританија триумфираше со помалку од 25% посед на топката на овој дуел.
Во вториот меч од групата, Ангола беше подобра од Буркина Фасо со 2-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

