Македонската одбојкарска репрезентација веќе три седмици е во подготвителен период за настапот на Европското првенство во Словенија во септември. Националниот тим според предвидениот ритам ги надминува планираните етапи во подготовките.
Од утре во составот ќе се приклучи и Александар Милков кој има повреда на коленото. Тој ќе влезе во тренажниот процес, а претстојниот период ќе треба да покаже дали ќе може да биде дел од еврошампионатот. Во меѓувреме, повредените Ѓорѓи Ѓорѓиев и Филип Маџунков ги санираат повредите.
„Момците одработуваат се што треба, на најдобар можен начин. Се движиме во вистинско темпо во подготовките, ако продолжиме вака до Европското првенство ќе бидеме во оптималната и посакувана форма. Ова е она што ни е предвидено и мислам дека до средината на август како ќе можам да го одредам конечниот список патници за Словенија“ – вели селекторот Никола Матијашевиќ.
За Европското првенство во Словенија, селекторот треба да избере 14 одбојкари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА