Фудбалерот на Работнички, Атдхе Мазари во вториот дел од сезоната 2024/2025 година ќе настапува за хрватскиот прволигаш Вараждин.
Maзари имаше феноменална полусезона во дресот на Работнички каде во 18 настапи постигна осум гола, а запиша и три асистенции, со што беше најзаслужен за одличните партии на тимот од Дебар маало.
Покрај за Работнички, Мазари во кариерата настапуваше и за Победа, Охрид, Струга ТЛ и Шкендија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

