Мажиќ си има мака – не разликува Кинези без ВАР (видео)

Српскиот судија Милорад Мажиќ си замина од татковината прифаќајќи ја понудата да ја дели правдата во далечната Кина, но Мажиќ се посрамоти на своето деби во новата авантура, исклучувајќи погрешен фудбалер.

Србинот беше задолжен за делење на правдата на градското дерби меѓу Шангај Шенхуа и Шангај СИПГ, но донесе погрешна одлука во 73. минута исклучувајќи погрешен домашен фудбалер. За среќа, во Кина важи употребата на ВАР-технологија, па српскиот ас по кратки консултации ја поправи својата одлука.

 

Се вчитува...