Мбангула со супер-гол во 92. минута ја спаси „Старата дама“ од прв пораз сезонава (ВИДЕО)

Јувентус со гол во 92. минута од натпреварот се спаси од првиот пораз сезонава во Серија А. Во 15. коло од шампионатот „Старата дама“ имаше негатива од 1-2 до самиот финиш пред своите навивачи од Болоња, но успеа да се спаси во последен момент.

Мбангула со голот во 92. минута, на асистенција на Влаховиќ, донесе 2-2 за Јувентус.

Претходно, пак, гостите поведоа со голот на Ндоје во 30. минута, а Победа зголеми на 0-2. Потоа Копмајнерс во 62. минута намали на 1-2.


Се вчитува...