Мбапе: Ако некој има право да стане селектор на Франција, тоа е Зидан…

Дидие Дешамп по завршувањето на СП 2026 ќе се повлече од селекторската функција во француската репрезетнација, а апсолутен фаворит за негов наследник е Зинедин Зидан.

Француската фудбалска легенда освои три титули во ЛШ со Реал Мадрид, а по заминувањето во 2021 година одби бројни понуди од врвни клубови јасон ставајќи до знаење дека апсолутен приоритет му се „триколорите“. Престојот на Дешамп се продолжи нешто подолго од очекувањата, но Зидан е подготвен за големиот репрезентативен предизвик.

Воедно, легендаринот Зизу ја има поддршката на главниот играч во националниот тим, голгетерот Килијан Мбапе.

„Не треба многу да се компликува, треба да останеме фокусирани на натпреварите со сегашниот селектор, не да размислуваме за следниот. Ако Зидан биде неговиот наследник, супет, ако е некој друг, и тоа е ОК. Сепак, ќе кажам дека Зидан е можеби и единствениот во историјата на фудбалскиот фудбал што има право да каже дека му следи да стане селектор“, порача Мбапе.

Се вчитува...