Килијан Мбапе и неговото заминување од ПСЖ продолжуваат да бидат топ тема во фудбалскиот свет. Францускиот голгетер кој пред една сезона го продолжи договорот со парискиот клуб ја одбива опцијата за останување во редовите на „светците“ и по сезоната 2023/24, а за да не замине како слободен играч, ПСЖ сака да го продаде што поскоро.
Меѓутоа за реализација на трансфер ова лето постои и ултиматим од страна на 24-годишниот Французин, пренесува „Марка“. Истиот се состои од финансиска придобивка вредна 150 милиони евра, колку што треба да заработи до крајот на договорот.
Имено, Мбапе има „бонус за лојалност“ од 90 милиони евра што треба да го добие доколку остане во клубот до истекот на актуелниот договор, до јуни 2024 година. Згора на тоа, голгетерот на име плата треба да заработи дополнителни 60 милиони евра, па оваа вкупна сума од 150 милиони евра е јасна причина зошто тој не инсистира на трансфер летово, туку би сакал да ги промени клупските бои дури следната година.
Од друга страна, челниците на ПСЖ се бесни и не сакаат да платат богатство за овој фудбалер, кој потоа следното лето би си заминал без никаква отштета. Поради ова, за следната седмица се најавени преговори меѓу раководството на клубот и мајката на голгетерот, која дејствува и како негов агент, да се најде заеднички јазик на оваа тема.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА