Мбапе: Беше важно за почнеме со победа

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, ја коментираше победата во првото коло од шпанското првенство против Осасуна со 1:0. Токму Французинот ги донесе трите бода со гол од пенал на почетокот на второто полувреме.

„Кралвите“ добија многу критики за играта во првиот меч во новата сезона, но на крајот почнаа со три бода под водство на новиот тренер Чаби Алонсо и со неколку промени во играчкиот кадар.

„За нас беше многу важно да ја започнеме сезоната со победа на домашен терен. Знаевме дека нема да биде лесно. Осасуна имаше јасен план за дејствување и чекаа да направиме грешка. Во првото полувреме немавме простор, но во второто полувреме брзо најдовме начин да постигнеме гол. Имавме повеќе шанси и подобро ја контролиравме играта. Сепак, сме задоволни од победата и гледаме напред. Се чувствувам одлично, но главната работа е да му помогнам на тимот. Во нападот, во одбраната и останатото ќе дојде“, рече Мбапе, цитиран од Марка.

Се вчитува...