Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе вели дека нема проблем да се ракува со претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи.
Познато е дека Мбапе немаше добра разделба со ПСЖ по неговиот трансфер во Реал Мадрид, а потоа го тужеше клубот, кој мора да му исплати голема сума на пари. Мбапе без обесштетување замина на „Сантијаго Бернабеу“.
„Играв во Париз седум години, и имав неверојатни моменти таму. Не сум од оние кои се фокусираат на негативното, знам да бидам благодарен и за она што ми било дадено. Доколку ПСЖ и Реал Мадрид играат еден против друг, немам проблем да се ракувам со Ал-Хелаифи. И немојте да мислите дека ќе плукнам на дланката пред да го сторам тоа“, изјави Мбапе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА