Како што открива францускиот „Л’Екип“, Килијан Мбапе договорил се со Ливерпул во летниот преоден рок во 2022 година, кој на парижаните им испратил понуда од 200 милиони евра.
По таа понуда спортскиот директор на ПСЖ, Антеро Хенрике побарал двојно поголема отштета, односно 400 милиони евра.
Мбапе претходно потпиша продолжување на договорот за две и плус една година со францускиот клуб, но тој беше незадоволен во клубот. Посебно беше разочарување кога клубот не го испочитува договорот и наместо Роберт Левандовски и Бернардо Силва ги донесе Ренато Санчес, Витиња, Фабијан Руиз и Хуго Екитике, за кои Мбапе не сметаше дека се доволно квалитетни. Тој побара од управата да го пушти да си замине и одби да игра во првото коло од првенството.
Ливерпул со кој Мбапе ги договори личните услови, испратил конкретна понуда од 200 милиони евра на ПСЖ, а трансферот пропаднал откако англискиот клуб не бил подготвен да плати двојно поголема сума што парижаните ја барале за Французинот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА