Килијан Мбапе со гол го прослави враќањето во тимот на ПСЖ, откако францускиот напаѓач најпрвин изнуди, а потоа и самиот го реализираше пеналот со кој донесе водство на својот тим на гостувањето против Тулуз.
Мбапе потоа емотивно го прослави погодокот, скокнувајќи ја оградата од теренот за да застане пред трибината на навивачите на ПСЖ, пред кои извикуваше: Останувам овде, останувам овде…
Пораката е до навивачите, но и до управата на клубот, на кој францускиот ас веќе неколку пати и даде до знаење дека нема да си замине од „Паркот на принцовите“ летово. Мбапе е решен да ја одигра и последната сезона од договорот со ПСЖ, а потоа како слободен играч да го напушти клубот, што ќе претставува сериозен финансиски удар за францускиот гигант, кој само сезонава ќе му исплати над 150 милиони евра (на име плата и бонус за лојалност), а потоа ќе мора да го пушти да си замине без никаква отштета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА