Килијан Мбапе го пофали својот соиграч од репрезнтацијата Усман Дембеле за добрите партии оваа сезона. Крилниот напаѓач на ПСЖ сезонава блеска и постигна 22 гола на 17 натпревари.
Мбапе за него вели дека е еден од најдобрите играчи на светот, и покрај тоа што, како што кажа, многумина го исмевале.
„Среќен сум што игра вака, затоа што знам колку го критикуваа и го исмеваа. Јас сум негов заштитник уште од 14 години. Секогаш велев дека е еден од најдобрите играчи на светот. Некои луѓе мислеа дека го зборувам ова затоа што сме пријатели. Но, ја знам разликата помеѓу пријателство и реалност на теренот. Усман достигна зрелост на 27 години, што е нормално. Има играчи кои се развиваат надвор од своите години, па некои мислат дека тој дошол доцна до вистинската форма. Но, ова е нормална еволуција на фудбалер, и има уште многу што да покаже пред себе“, изјави Мбапе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА