Мбапе доаѓа во Џеда за да игра на „Ел Класико“?!

Реал Мадрид ја доби битката со Атлетико, закажувајќи мегадерби со Барселона во големото финале на шпанскиот Супер-куп. Тренерот Чаби Алонсо ги израдува фановите на „кралскиот клуб“ најавувајќи дека за овој дуел најверојатно ќе може да смета и на услугите на Килијан Мбапе.

Францускиот голгетер не допатува со тимот во Саудиска Арабија останувајќи во Мадрид да работи со медицинскиот тим на Реал на повреденото колено.

Уште пред полуфиналето беше најавено дека ако Реал го победи Атлетико, Мбапе би можел да игра во финалето со Барса, нешто што по мечот го потврди и Алонсо.

„Мбапе се чувствува подобро, тоа е се што можам да кажам. Треба да зборуваме со лекарите, кои ќе треба да дадат зелено светло тој да дојде овде и да игра против Барса“, прокоментира Чаби Алонсо на оваа тема.

Се вчитува...