Мбапе доби „двојник“: Оној оригиналниот воодушевен… (ВИДЕО)

Еден од најдобрите светски фудбалери, Килијан Мбапе, си доби „двојник“ – од восок.

Фудбалерот на Реал Мадрид остана без текст, комплетно воодушевен кога ја виде својата восочна фигура која ќе го краси познатиот музеј „Мадам Тисо“ во Лондон.

Кога првпат ја виде својата фигура Французинот се насмеа…

„Тоа сум јас… Па, овој е повеќе Килијан од оној оригиналниот“ – прокоментира на шега воодушевениот Мбапе.

Фигурата официјално ќе биде претставена пред јавноста на 4 април, а за сите деца и младинци до 16 години тој ден влезот ќе биде бесплатен доколку на себе носат дрес на Мбапе, информираа од музејот „Мадам Тисо“.

Се вчитува...