Францускиот првак Пари Сен Жермен оствари уште еден триумф во домашното првенство, совладувајќи го Каен на гости со 1-2. Килијан Мбапе со два гола донесе пресврт и триумф за „светците“, откако Нинга му донесе водство на домаќинот во 56.минута од мечот.
Само три минути подоцна израмни Мбапе од пенал, а напаѓачот на ПСЖ донесе триумф со својот втор погодок во 87.минута од дуелот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА