Мбапе донесе радост во Париз, шок за Мадрид: Има шанси да останам во ПСЖ!

Репреззентативецот на Францја и ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе не ја отфрли можноста за останување во францускиот клуб и покрај тоа што многумина мислат дека тој веќе има договор со Реал Мадрид.

Веќе подолго време се зборува дека Мбепе има договор со Реал Мадрид и по крајот на сезоната тој ќе се пресели во шпанскиот гигант. Но по вчерашниот натпревар на ПСЖ во кој Килијан даде два гола, Мбапе одоговори на прашањата поврзани со неговата иднина.

„Уште не сум донел одлука за иднината и сите го знаат тоа. Размислувам заедно со мојата фамилија. Има нови елементи и многу параметри да се разгледаат пред да се одлучи. Кога ќе ја донесам одлуката, ќе ја соопштам, се разбира. Не сакам да направам било каква грешка. Се обидувам да донесам вистинска одлука за мојата иднина. Дали е можно да останам во ПСЖ? Да, се разбира дека е можно“, потенцираше Килијан.

Се вчитува...