Килијан Мбапе јавно ја критикуваше управата на ПСЖ што без негова согласност го користела токму францускиот голгетер за главна фигура во кампањата за продажба на билети за наредната сезона.
Мбапе минатото лето потпиша мегадоговор со кој е убедливо најплатен фудбалер во тимот, а обидот на ПСЖ кампањата да ја базира на него во ситуација кога се подготвува за заминување на Меси и на Нејмар неочекувано го налути Французинот.
„Штотуку ја погледнав клупската кампања за обнова на сезонските билети за 2023/24. За време на интервјуто никој не ме извести за што станува збор, изгледаше како уште еден од многуте обични разговори поврзани со клупскиот маркетинг. Воопшто не се сложувам со објавеното видео, затоа и се борам за играчите да раководат со сопствените имиџ-права. ПСЖ е голем клуб и големо семејство, ама секако не е Килијан Сен Жермен“, порача Килијан Мбапе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА