Мбапе е чудо – рекорд на кој завидуваат и Меси и Роналдо

Килијан Мбапе се запиша меѓу стрелците на мечот меѓу Андора и Франција, а младиот голгетер ќе го памети овој дуел по фантастичниот јубилеј, сто постигнати погодоци во кариерата на возраст од само 20 години. Поточно, Мбапе стигна до оваа бројка на 20 години и 173 дена, при само 180 одиграни натпревари. Од овие сто гола, Мбапе постигна 27 за Монако, 60 во дресот на ПСЖ и 13 во настапите за француската репрезентација.

Само за споредба, Лионел Меси стигна до оваа бројка на 22 години и 97 дена, додека Кристијано Роналдо имаше 22 години и 356 дена кога го постигна својот стоти гол во кариерата.

Мбапе со вчерашниот дуел со Андора конечно ја заврши напорната сезона, а по квалификацискиот меч не сакаше да ги коментира гласините за својот трансфер во Реал Мадрид.

„Сега не е момент да се говори на оваа тема“ – кратко порача асот на ПСЖ.

Се вчитува...