ПСЖ долго време сонуваше дека ќе успее да го задржи Килијан Мбапе, но откако францускиот голгетер денеска и официјално потпиша договор со Реал Мадрид „светците“ ја интензивираа потрагата по нов голгетер што ќе го замени во нападот на овој тим.
Виктор Осимен е избраниот ас за наследник на Мбапе на „Паркот на принцовите“, а претседателот Насер ал Келаифи е подготвен повторно да седне на маса со Наполи за да што поскоро да го доведе нигерискиот голгетер во Париз. Двата клуба почнаа со преговори пред нецели два месеца, но инсистирањето на НАполи за отштета од 130 милиони евра (колку што изнесува клаузулата на Осимен) беше пречка поради која разговорите беа стопирани.
Сега ситуацијаа е поинаква, Де Лаурентис виде дека ниту еден од заинтересираните клубови нема намера да ја плати клаузулата, па првиот човек на Наполи е подготвен да ја намали сумата што ја бара. Од друга страна, ПСЖ тогаш нудеше 70 милиони евра, а Ал Келаифи е подготвен да ја крене понудата на 100 милиони евра. Како што јавува „Газета дело спорт“, двете страни се блиску до целосен договор, на што инсистира и тренерот на Наполи, Антонио Конте, за што поскоро да добие буџет за нови засилувања и да може да го ангажира Ромелу Лукаку за нова „деветка“ на „наполитанците“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА