Мбапе е на чекор до Барселона?!

Пресудата за зелено светло за проектот наречен Супер-лига може да донесе и сериозен пресврт во трката по Килијан Мбапе, откако каталонските медиуми објавија дека сега Барселона се наоѓа во водечка позиција во обидите да го доведе големиот ас во своите редови.

Влијателниот „Ел Мундо Депортиво“ тврди дека Барса ќе добие една милијарда долари како носител на проектот заедно со Реал Мадрид, а претседателот Лапорта планира да ги искористи овие пари за да го доведе Мбапе на „Камп Ноу“. Тој ќе пристигне како слободен играч по истекот на договорот со ПСЖ, а Лапорта ќе му понуди и поголема плата од понудата на Реал Мадрид, како и повисок бонус за самиот потпис на договорот.

И пред навивачите на Барселона да почнат еуфорично да ги прославуваат овие сензационални најави, треба да спомене и дека 28 во декември важи за „ден на шегата“, па „ексклузивата“ на „Ел Мундо Депортиво“ е она што по нашки би го нарекле „првоаприлска шега“.

Се вчитува...