Светската фудбалска федерација ги даде и наградите за најдобрите на Светското првенство. Дефинитивно и повеќе од заслужено за најдобар играч е избран Лионел Меси кој ја водеше Аргентина до третата титула на Мундијалите.
Наградата за најдобар стрелец ја доби Килијан Мбапе кој даде осум гола на овој шампионат, од кои дури три во финалниот меч против Аргентина. За најдобар голман е избран Емилио Мартинез, додека за најдобар млад играч Енцо Фернандез од Аргентина.
⭐️ MESSI ⭐️
Our @adidas Golden Ball Award winner!#FIFAWorldCup | #Qatar2022
— FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) December 18, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА