Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе заработи лесна повреда на натпреварот против Алавес (3:2) и може да го пропушти гостувањето кај Атлетико Мадрид викендов.
Мбапе го напушти теренот во 80. минута, а претходно постигна еден од головите за „кралевите“. Тој почувствува непријатност во левата бутина и му сигнализираше на тренерот Карло Анчелоти дека сака замена.
Французинот денеска или најдоцна утре ќе биде подложен на дополнителни тестови, по што ќе биде јасно дали ќе биде достапен за пресметката на „Метрополитано“ на 29 септември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА