Фудбалерот на репрезентацијата на Франција и напаѓач на ПСЖ, Килијан Мбапе и оваа година ќе биде заштитно лице на популарната видеоигра „ФИФА“.
Минатата година Килијан дебитираше насловната корица од оваа игра, а сега втора година по ред е „главниот лик“. ФИФА 2022 треба да излезе најверојатно во септември, а ЕА Спортс на 11 јули ќе објават и трејлер за новата игра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА